Ентони Хопкинс танцува на хитови на Тик-ток: Годините се само бројка! (ВИДЕО)

instagram

Актерот Ентони Хопкинс (82) во својата девета деценија се уште ги користи друштвените мрежи. Всушност, Оскаровецот сега е „навлечен“ на Tik-Tok, а таму ја објави и снимката која воодушеви многубројни фанови.

На почетокот од снимката Ентони Хопкинс игра на хитот од Дрејк. По завршување на тој танц, Ентони им се обраќа на своите колеги Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне.

Оваа снимка настана како резултат на предизвикот „toosieslide“, а видеото на Хопкинс стана вирално.

„Ентони, ми даваш причина да те сакам секој ден. Најдобрата работа која ја видов денес“, беше само еден од илјадниците позитивни коментари на снимката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот