Ентони Хопкинс: Мислев дека „Кога јагнињата ќе стивнат“ е филм за деца!

Profimedia
Profimedia

Актерот Ентони Хопкинс, со улогата на Ханибал Лектор, психијатар и канибалистички сериски убиец во хорор трилерот „Кога јагнињата ќе стивнат“, во режија на Џонатан Деми, замина во историјата како еден од најимпресивните негативци во светот на кинематографијата.

83-годишниот актер, исто така, доби Оскар за таа улога, а сега, во интервју за „Variety“, откри што всушност мислел за споменатиот филм пред тој дури и да започне да го снима.

„Во 1989 година бев во Лондон, работејќи на претставата „M.Butterfly“ кога агентот ми го испрати сценариото. Тој рече: „Зошто не го прочиташ ова? Се вика „Кога јагнињата ќе стивнат“ („The Silence of the Lambs“). Го прашав дали е детска приказна, барем така ми се чинеше од насловот… Се сеќавам дека беше жешко летно попладне, го примив сценариото и почнав да го читам. По десет страници, го повикав агентот. Тоа беше најдоброто нешто што некогаш сум го прочитал, приказната ме освои во почетокот“, се присетува легендарниот Хопкинс.

Тој додаде дека бил ужасно нервозен поради улогата на Ханибал Лектор.

„Замислете еден блед велшанец како мене да игра американски сериски убиец“, рече Хопкинс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот