Енис Фазлагиќ се враќа во Полска, заврши позајмицата во Дунајска Стреда

фото: ФФМ

Словачкиот фудбалски клуб Дунајска Стреда се раздели со седум играчи, а помеѓу нив е и македонскиот интернационалец Енис Фазлагиќ.

Играчот од средниот ред беше една година на позајмица од редовите на полската екипа Висла Краков каде што ќе се врати ова лето.

Фазлагиќ за Дунајска Стреда запиша шест лигашки натпревари и воедно имаше два настапи во националниот куп.

Со Висла Краков има важечки договор кој истекува на 30 јуни 2026 година.

Во својата клупска кариера беше дел и од Жилина, Шкендија и Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот