концерт во чест на Влада Дивљан - Фото: Слободен печат

Емотивен рокенрол концерт во чест на Влада Дивљан: Публиката уживаше – од „Малена“ до „Баба Зумбула“

Целата сала на Филхармонија играше рокенрол на вчерашниот концерт посветен на српскиот музичар Влада Дивљан, фронтменот на групата „Идоли“. Свиреа старите пријатели и соработници на Дивљан од времето на „Идоли“, и двајца млади членови.

Бендот кој сега го негува споменот на „момчето“ кое ја напишал „Малена“ се вика „Невладина организација Владе Дивљана“. Токму таа песна, која Влада Дивљан почнал спонтано да ја свири на гитара во Дубрвник за да им се додворува на девојки кои биле смесетени до него стана еден од најголемите хитови на „Идоли“.

Прекрасно беше чувството да се слушнат во живо легендарните „Мајчики“, „Она то зна“, „Русија“, „Девојко мала“ за крај, но изостана легендарната „Чоколада“.-Се дружевме и соработувавме со Влада Дивљан во Австралија, тој ја напиша познатата „Баба Зумбула“ за филмот „Балкан Кан“, откри Кирил Џајковски кој беше специјален гостин токму за оваа песна. Дивљан почина токму во Австралија во 2015 година, а концертот кој го организираше „Пасворд“ во рамките на фестивалот „Таксират“ е по повод 10-годишнината на култниот белградски музичар.

Гостуваше и шармантната Констаракта која меѓудругите ја запеа и „Патуљци“, а рече дека не верувала дека некогаш во животот ќе пее љубовни песни. За крај, менаџерот Логин Кочишки раскажа како ги загубил материјалите кои Влада Дивљан му ги дал во Белград, откако го излажал дека е новинар и наводно ќе прави документарец за него. Влада Дивљан не се налутил, туку само му рекол да му го плати пијалакот.

Сè на сè, ова беше една емотивна рокенрол вечер со квалитетене бенд кој и во зрелите години ја чува вистинската вредност и споменот на рокерот кој ги отпеа стиховите: „Једина, малена, волим те, сакам те“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот