Емотивен говор на херојот Алисон: Се надевам дека татко ми слави од небото

Фото: EPA-EFE/Jason Cairndruff

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер во 95. минута го постигна победничкиот гол за својот тим во натпреварот против ВБА. Со победничкиот гол, Алисон ги задржа надежите на „црвените“ дека ќе успеат да дојдат до едно од првите четири места на табелата во Премиер лигата и следната година ќе играат во Лигата на шампионите. Бразилецот не можеше да ги сокрие емоциите.

– Сакав да бидам во шеснаесетникот за да им помогнам на соиграчите, навлеков на себе барем еден дефанзивец на ВБА. Сепак, никој не ме чуваше и се случи тоа што се случи. Навистина не можам да објаснам, но мислам дека Бог ја стави раката на мојата глава. Се чувствувам благословено – вели Бекер кој сезонава доживеа тешки моменти посебно во февруари кога почина татко му.
– Полн сум со емоции по се што му се случуваше на моето семејство. Фудбалот е мојот живот, откако знам за себе играв заедно со татко ми. Се надевам дека можеше да го види ова и сигурен сум дека заедно со Бог на небото сега слави – додава Алисон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот