„Емоции, гушкање и љубов“: Пронајдено е кучето по кое сопственикот трагаше три недели

Ретривер Лео
Ние сме среќни што Лео е веќе во својот дом и не талка по улиците. Кај нас забележително тагуваше по својот сопственик, велат од „Лајка"/ Фото: Фејсбук, ЈП „Лајка“

Јавното претпријатие „Лајка“ соопшти дека е пронајдено кучето по кое сопственикот трагаше три недели.

– Емоции, гушкање и љубов. Оваа работна недела ја заокружуваме со среќен крај во потрагата на златниот ретривер Лео. Да, овој убавец благодарение на тимот на ЈП „Лајка“ и микрочипот си отиде дома кај својот сопственик. Сликите говорат повеќе од се, а љубовта од најдобриот пријател на човекот е безусловна, соопштија од „Лајка“.

Оттаму посочуваат граѓаните да ги чипираат своите домашни миленици. Само така, доколку се изгубат ќе можат да бидат вратени кај вистинските сопственици.

– Ние сме среќни што Лео е веќе во својот дом и не талка по улиците. Кај нас забележително тагуваше по својот сопственик, велат од „Лајка“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот