Емир Кустурица итно примен во болница

емир кустурица
Емир Кустурица / Фото: EPA-EFE/YANDER ZAMORA

Познатиот српски режисер, Емир Кустурица бил хоспитализиран на Институтот за ортопедија во Бањица. Според информациите тој скршил нога на Мокра Гора. Познатиот режисер за „Спутник“ изјавил дека се чувствува добро и го чека операција, пренесува Нова.рс“

„После авиони, хеликоптери, камиони, стотици илјади километри, 950 концерти и сѐ што ми се случило во животот, ми се случи несреќа на обични скали. Иронијата на животот е дека на последното скалило се лизнав и десниот зглоб ми отиде 180 степени. Офкав од болка“, изјавил познатиот режисер.

Тој додаде дека во моментов нема никакви болки и дека очекува по утрешната операција полека да се врати во нормален живот.

Кустурица и Бреговиќ заедно на сцена, а не се ни поздравиле: Му платив да ми напише музика, а тој ми подметна песна (ВИДЕО)

Емир Кустурица ќе стане главен директор на Централниот театар на руската армија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот