Кустурица и Бреговиќ заедно на сцена, а не се ни поздравиле: Му платив да ми напише музика, а тој ми подметна песна (ВИДЕО)

Instagram

Горан Бреговиќ и Емир Кустурица веќе со години не разговараат, а настапуваа на иста бина на „Балканс мјузик фестовал“ во Лондон. Како што наведуваат изворите, поранешните кумови не се ни поздравиле.

Извор близок на Бреговиќ пред концертот рекол дека тие двајца нема ни да се сретнат, потсетувајќи дека ова не е прв настан на кој двајцата настапуваат, пренесува Новости.

Како што се наведува изворот, веќе е вообичаено во такви ситуации секој од нив професионално да си го одработи настапот и да продолжи по својот пат без поздрав.

Бреговиќ најави дека овој концерт е нешто „поголемо од него“, а многумина тоа го окарактеризираа како причина поради која се согласил да свири на исто место со Кустурица.

Кустурица и Бреговиќ веќе со години не разговараат, а кумовите ја прекинале соработката по филмот „Аризона дрим“.

„Што се однесува до мене, Брега е завршена приказна. Прекинавме секаков контакт кога ме измами за музиката во филмот „Аризона дрим“. Му платив да напише музика, а тој ми подметна една корзиканска, еврејска песна. Така тој заработуваше кај мене. Уште и ме обрука кај Иги Поп“, објаснил тогаш Кустурица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот