Елтон Џон потврди: Мајкл Џексон беше психички болна личност! Тешко беше да се дружиш со него!

Профимедиа

Иако Елтон Џон едно време беше пријател со Мајкл Џексон, работите почнаа да се менуваат како што веќе починатиот пејач старееше.

„Го познавав Мајкл од неговата 13-та или 14-та година“, напиша Елтон Џон во својата биографија. „Беше најубавото дете кое можете да го замислите. Но во некој момент во последните години, започна да се одвојува од светот, далеку од реалноста, како што тоа го правеше и Елвис Присли“.

„Бог знае што се случувало во неговата глава и Бог знае со колку и какви лекови се полнеше, но секој пат кога ќе го видев во подоцните години, заминував мислејќи дека кутриот човек целосно го загубил разумот. Беше навистина психички болен, вознемирувачки беше да се биде близу него. Тоа е неверојатно тажно“.

профимедиа

Џон опиша една вечера на која присуствувал со Џексон. Пејачот се присетил дека Мајкл, кој инаку не јадел, станал од масата и исчезнел. Подоцна го нашле покрај синот на домаќинката која ја приредувала вечерата.

„Од некоја причина, не можеше воопшто да го поднесе друштвото на возрасните“, напиша Елтон Џон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот