Фото: Наполи/Фејсбук

Елмас за пречката против Лацио: За мене најважно е тимот да победи

На полувремето од дербито меѓу Лацио и Наполи, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас застана пред камерите на „ДАЗН“ и ги сподели своите впечатоци од првите 45 минути.

Елмас беше блиску до погодок во првиот дел, откако неговиот удар заврши во пречката и само неколку сантиметри го делеа од гол со кој Наполи ќе дојдеше до поубедливо водство.

„За мене не е најважно дали ќе постигнам гол, најважно е тимот да победи. Треба да продолжиме во ист ритам, бидејќи одигравме навистина добро прво полувреме. Резултатот од 2-0 секогаш може да биде незгоден“, изјави Елмас.

Тој зборуваше и за својата улога на теренот, истакнувајќи дека се труди да го даде максимумот без разлика на позицијата.

„Се обидувам да придонесам колку што можам, засега сè оди како што треба“, додаде македонскиот фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот