Елмас добива нов соиграч: Капитенот на Косово потпиша за Наполи

твитер

Дефанзивецот на Верона, Амир Рахмани, потпиша договор со Наполи, потврди тимот од Неапол.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Косово, Амир Рахмани, потпиша договор со Наполи до 2024 година, но до крајот на сезоната ќе остане во Верона.


Според итлаијанските медиуми, Наполи за Рахмани на Верона и плати 14 милиони евра.

Претходно, тимот во кој настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги купи уште и Диего Деме од Лајпциг и Станислав Лоботка од Севиља кои треба да му помогнат на тимот да се врати во битката за позициите кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Наполи по 20 кола во Серија А се наоѓа на разочарувачкото 11. место на табелата со 24 бодови, дури 27 помалку од лидерот Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот