Елези: Општините преку МСИП добиле финансиска поддршка од 40 милиони евра

Државата со 150 илјади евра го помогнала и опремувањето на двете детски градинки во селата Добри Дол и Неготино.

Финансиската поддршка што локалните самоуправи ја добиле со МСИП проектот за подобрување на општинските услуги достигнала 40 милиони евра, изјави за МИА заменик министерката за финансии Ширет Елези по посетата на Општина Врапчиште.

– Со Светска банка како наш стратешки партнер на нашата држава заедно реализираме суштински проекти. За изминативе три и пол години изреализиравме 230 проекти низ целата држава и тоа се покажа како многу значајно како за граѓаните така и за општеството во целост, рече Елези.

Таа ја напомена дека финансиската поддршка која изминативе две години општина Врапчиште ја добила од државата е значајна бидејќи се финансирани проекти што директно влијаат врз подобрување на животот во овој подшарпланински регион.

Елези потенцира дека државата помогнала во неколку крупни инфраструктурни зафати како изградбата на патот Градец-Сенокосе вреден 500 илајди евра и изгардбата на хидросистемот за наводнување Речица-Равен кој минува низ оваа полошка општина и овозможува наоводнување на три илјади хектари.

Државата со 150 илјади евра го помогнала и опремувањето на двете детски градинки во селата Добри Дол и Неготино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот