Елегантна, а толку едноставна: Модна комбинација која е добра за сите

оф-вајт
Фото: Принтскрин / Instagram

За сите оние денови кога не сакаме да размислуваме што ќе облечеме и да посветиме минимално време на изборот на облека, комбинацијата од бела облека ќе биде избор со кој нема да погрешите.

Ја сакавме белата боја како посветлиот дел од минималистичката, класичната и омилената црно-бела комбинација на многумина. До неодамна црната беше онаа која преовладуваше во едноставните црно-бели комбинации. Сепак, со својата едноставност и елеганција, белата боја се издвои и во последните неколку сезони ги маѓепса љубителите на минимализмот и ја истисна секоја друга боја од минималистичката модна игра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Molina (@chanidfashion)

Откако ги освои љубителите на едноставни парчиња и комбинации, белата боја ги надмина границите на минимализмот и стана еден од најпопуларните трендови кои ќе ја освојат секоја гардероба и стил во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YATRI. (@y.a.t.r.i)

Идеи за аутфит во оф-бела

Без разлика дали барате инспирација за нова деловна или лежерна викенд униформа или идеална комбинација за свечени прилики, не можете да погрешите со белата боја. Во снежно-бели комбинации, модните додатоци во металик бои или црна, дополнително ќе ја истакнат нејзината софистицирана страна. Но, ако сакате да си поиграте и да додадете малку боја на белото, истражете различни модни додатоци во најлудите бои и дезени бидејќи популарната небела нијанса лесно ќе оди со секоја од нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YATRI. (@y.a.t.r.i)

Иако до неодамна беше синоним за летните денови и неизбежен дел од летната гардероба кога воздушните комбинации на бело нè спасуваат од горештините, белата полека ги освојуваше различните стилови и естетика, гардеробата за различни пригоди и конечно ги освои омилените зимски парчиња како предимензионирани плетива и палта, безвременски класици како деловни костуми, фустани и патики како неизбежни удобни обувки во секојдневен стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by THR3ADS (@thr3ads.ltd)

Секако, модните фаворити во нијанси на бело ќе се носат во текот на топлите пролетни и летни месеци кога најпопуларни идеи за аутфит ќе бидат оние со мал бел фустан и бели ленени модели во центарот.

Во исто време едноставни и ефективни, елегантни и тренди аутфит идеи во нијанси на бело, кои се идеални за почетокот на 2022 година, а чии варијации ќе продолжиме да ги носиме во текот на целата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leeann (@leeannpetricca)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот