Експлозивна направа оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител

Иван Гешев / Фото МИА

Експлозивна направа оштетила автомобил од обезбедувањето на бугарскиот главен обвинител во момент додека се движел на патот Софија – Самоков.

Според првични информации на бугарски медиуми пред еден од автомобилите од обезбедувањето била активирана експлозивна направа.

Засега не е јасно дали главниот обвинител Иван Гешев бил во некој од автомобилите.

Повредено е лице од обебзедувањето. Патот е затворен и се врши истрага, јавија бугарските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот