Четџипити - Фото: Jakub Porzycki/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Експлозивен раст на апликациите базирани на вештачка интелигенција, ЧетГПТ води по приходи

Апликациите базирани на генеративна вештачка интелигенција бележат раст во популарноста, преземањата и приходите, покажува најновото истражување на аналитичката компанија Sensor Tower, објавено од TechCrunch.

Во првата половина од 2025 година, овие апликации се преземени дури 1,7 милијарди пати, генерирајќи 1,87 милијарди долари – двојно повеќе од втората половина на 2024 година. Корисниците поминале вкупно 15,6 милијарди часа на вакви апликации, низ 426 милијарди сесии, што претставува значителен скок во однос на 8,5 милијарди часа поминати во претходниот период.

Најбрзо растечки пазар е Азија, со 42,6% од сите глобални преземања, предводена од Индија и континентална Кина.

На глобално ниво, ЧетГПТ е водечка апликација по приходи, со исклучок на Кина, каде доминира ДипСик. Просечниот корисник го користи ЧетГПТ по 16 минути дневно, најчесто за совети поврзани со исхрана, лични финансии и пазарување.

Истражувањето заклучува дека генеративните ВИ апликации стануваат дел од секојдневната рутина на милиони корисници и нивен постојан дигитален асистент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот