Експертите ставија точка на „лекот на Трамп“: Хидроксихлорин не гарантира лечење од коронавирус (ВИДЕО)

Лекарите во САД велат дека се изложени на притисок на пациентите да користат терапија со хидроксихлорин, а претседателот Трамп лично го промовираше во повеќе наврати.

Хидроксихлорин, лекот кој подолго од деценија се користи за лечење на маралија и кој и самиот американски претседател Доналд Трамп во неколку ситуации го промовираше како потенцијален третман во лечење на симптомите на Ковид-19, за кратко време стана стандарден лек за лекување на заболените од коронавирусот иако лекарите се уште не се сосема сигурни дали тој е навистина ефикасен, известува Ројтерс.

Американските лекари рутински го користат хидроксихлоринот во лечење на заболените од Ковид-19, но многу од нив изјавиле за Ројтерс дека немаат докази дека овој лек, кој со години се користи за лечење на маларија и автоимуни болести, е ефикасен во борбата против новиот вирус.

Лекарите во САД велат дека се изложени на притисок на пациентите да користат терапија со хидроксихлорин, а претседателот Трамп лично го промовираше во повеќе наврати.

– Јас би можел да го користам тој лек, бидејќи при собирање на нови информации слушаме позитивни работи за него, рече Трамп во саботата.

Можните контраиндикации во примената на овој лек се губење на видот и проблеми со срцето, но лекарите сметаат дека краткотрајната примена на лекот кај пациентите заболени од Ковид-19 содржи мали ризици.

Протоколите за користење на овој лек варираат од болница до болница, но студиите покажуваат дека лекот е ефикасен за лечење на помали и умерени симптоми на заболените од коронавирусот, како и дека повеќето болни третирани со хидроксихлорин се излечиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот