Експертите имаат добра вест за сите што се борат со егзема

Фото: Профимедиа

Егземата е многу незгодна и непријатна состојба, но може да има една предност. Егземата се јавува кога кожата ќе се воспали, што предизвикува иритација и чешање.

Иако оваа состојба на кожата е многу непријатна, нејзиното присуство може да значи дека сте под помал ризик од заболување од рак на кожата, пренесува „Експрес“.

Според истражувањето спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон, егземата предизвикува имунолошки одговор за кој велат дека може да спречи формирање на тумори.

Овој имунолошки одговор функционира така што ги отстранува потенцијално опасните клетки на ракот од површината на кожата.

Егземата понекогаш доведува до губење на структурните протеини во надворешните слоеви на кожата, што доведува до оштетување на бариерата на кожата.

Во студијата биле споредени глувци со дефект на бариерата на кожата и оние без дефект и било утврдено дека бројот на тумори кај глувците со дефект е шест пати помал.

Како резултат на тоа, научниците сугерираат дека дефектите во епидермалната бариера ги заштитиле глувците од развојот на бенигни тумори.

Студијата, која е објавена во списанието „eLife“, беше прва што покажа дека алергијата што настанала како резултат на оштетување на кожата може да заштити некого од рак на кожата.

Сепак, истражувачите откриле и дека тие типови на глувци се подеднакво подложни на развој на мутации поврзани со ракот.

Професорката Фиона Вајт се надева дека оваа студија им пружила мала утеха на заболените од егзема и дека оваа непријатна состојба всушност може да биде корисна во некои околности.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот