Ексначалникот во МВР Ѓурчевски: Уште нема одговорност за „Ласкарци“, судството е крајно неефикасно

Љубомир Ѓурчески / фото: ТВ21/принтскрин

Поранешниот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски, во вечерашното гостување на ТВ21 изјави дека треба да се обрне внимание на тоа дека имаме крајно неефикасно судство, земајќи ја како пример автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово кај Ласкарци, во која загинаа 16 луѓе.

„После 3,5 години немаме правосилна судска пресуда што е со тој случај каде имавме 16 загинати, а и тогаш разговаравме за исти или слични вакви проблеми“, посочува Ѓурчевски.

Тој вели дека досега некој требаше да понесе одговорност заради тоа што поради системски слабости се дозволило да дојде до ситуација да ни се случи толкава трагедија.

„За морална одговорност мислам дека ние како држава сме заборавиле што е тоа морална одговорност години наназад. Инаку, во најмала рака, во еден ваков случај требаше да си поднесат оставка од морални причини министерот за внатрешни работи, помошникот директор за сообраќајни работи, директорот во Бирото за јавна безбедност, министерот за транспорт и врски, директорот на Царина, помошник министерот во министерството за транспорт и врски надлежен за лиценцирање на патничкиот превоз“, додаде Ѓурчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот