ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Заев сѐ уште најпопуларен политичар

Зоран Заев, Христијан Мицкоски / Фото: Слободен печат, колаж
Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори во државата е теренско истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазаување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

И во оваа анкета – и покрај, генерално, ниските рејтинзи на политичарите – најпопуларниот политички лидер во Македонија е Зоран Заев, кој со своите 11,8% од поддршката на анкетираните убедливо води пред лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски (7%). Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, иако Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).

Општо земено, сите наши политички лидери ја немаат моќта на поопшто обединување на граѓанството.

На пример, за „водечкиот“ Заев „многу благонаклон“ и „донекаде благонаклон“ став искажале 13,6% и 17,8% од испитаниците, додека за „донекаде благонаклон“ и „многу неблагонаклон“ став се определиле 18,7% и 46,9% анкетирани. За споредба, на Христијан Мицкоски „многу благонаклоно“ гледаат 8,3% и „донекаде благонаклоно“ 15,8% од анкетираните, а комбинираниот скор на „многу“ и „донекаде“ неблагонаклонетост надминува 71% од испитаниците. Во случајот на албанските лидери таа дискрепанца е уште поголема.

Кога станува збор за натпартиската функција на претседателот Пендаровски, за него расположението е релативно поврамнотежено: тој одредена благонаклонетост предизвикува кај 40% од анкетираните, наспроти 56,5% неблагонаклонетост. Тоа е многу слично со комбинираниот скор на Венко Филипче, на пример, за кого благонаклон став изразиле речиси 41% од анкетираните, а скорот кај оние кои неблагонаклоно гледаат на него и неговата работа е нешто над 56%.

Погледнете ги и останатите резултати од истражувањето на „Брима“:

ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Кој има најмногу шанси на локалните избори

ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Како ќе се гласа ако утре има парламентарни избори

ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Каде оди Македонија?

ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Што ги мачи граѓаните?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот