ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Што ги мачи граѓаните?

Скопје / Фото: EPA-EFE / GEORGI LICOVSKI

Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори во државата е теренско истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазаување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%.

Што се однесува до рангирањето на главните проблеми со кои се преокупирани анкетираните, од добиените анкетни податоци е очигледна тенденцијата граѓаните високо на првите места да ги третираат социјалните и економски теми. Така, кумулативно гледано, според рангирањето на изборот на неколкуте најважни проблеми од над 50 наведени можности, во моментов 31,5% од анкетираните спонтано ја истакнуваат невработеноста; состојбата со пандемијата е втора по важност со 26% од кумулативните одговори, по што следуваат економската ситуација (23,8%) и сиромаштијата и нискиот животен стандард (22%).

Со значајно заостанување во рангирањето, следуваат проблемите од сферата на нискиот квалитет на државните услуги, распростанетоста на корупцијата и криминалот и иднината на младите.

Во анкетата, долгиот низ на политичките проблеми (како што е општата политичка ситуација и „зачувувањето на македонската држава“ или можноста од бегалска криза, проблемот со Бугарија, меѓуетничките односи, протестите и контра-протестите и тн.) се далеку вон фокусот на грижите на анкетираните. За жал, во темите кои се нискорангирани се и проблемите со состојбата во животната средина и екологијата.

Погледнете ги и останатите резултати од истражувањето на „Брима“:

ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Кој има најмногу шанси на локалните избори
ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Како ќе се гласа ако утре има парламентарни избори
ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Каде оди Македонија?
ЕКСКЛУЗИВНО | Истражување на „Брима“: Заев сѐ уште најпопуларен политичар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот