фото: jkpbregalnica.mk

Ексдиректорот на „Брегалница“ од Делчево осомничен дека незаконски зголемувал плати — го оштетил претпријатието за 4.300 евра

Kанцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево, кој се сомничи дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој е осомничен дека во периодот од 2023 до 2025 година незаконски им ги зголемувал платите на вработените.

„На вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП ‘Брегалница’ – Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267873 денари (4.345 евра)“, соопштија од полицијата.

Во периодот до 2025 година, на чело на ЈКП „Брегалница“ од Делчево беше Стојче Стојковски, кој, иако над пола година е заменет од позицијата, сепак неговата фотографија стои на сајтот на претпријатието, под која пишува „директор“.

Извор: jkpbregalnica.mk

Стојковски веќе доби кривична пријава и лани, со тоа што се сомничеше дека во педиодот од 2023 до април 2024 година, на 76 вработени во „Брегалница“ не им исплатил уште по 3.500 денари што им следувале, и вкупно ги оштетил за 266.000 денари (4.313 евра).

Кривична против поранешниот директор на ЈКП „Брегалница“ Делчево – на вработените не им исплатил пари што им следувале

Преку медиумските бази на податоци, може да се најде кривична пријава и за случај од 2019 до 2023 година, за штета од над 7,5 милиони денари. Според таа пријава, заедно со раководител на сектор во „Брегалница“, Стојковски се сомничеше дека не иницирал и не дал налог за изготвување тужби за парични побарувања од физички и правни лица по основ на користени услуги, потрошена вода, подигнат смет и закуп на простории од претпријатието. Поради тоа, застариле паричните побарувања, со што претпријатието било оневозможено да изврши нивна наплата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот