Екс-тренерот на ПСЖ заврши на суд поради расизам: Ги убедувал муслиманите да го прекинат постот?

Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

За десет дена поранешниот стратег на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие ќе мора да се појави на суд во Франција за да даде своја изјава откако е обвинет за етичка и расна дискриминација.

Ако се потврди како виновен Галтие би можел да заврши во затвор и да плати казна од 45.000 евра. Против него секојдневно се појавуваат нови докази.

Скандалот започна кога тој беше тренер на Ница, а од тогашниот директор на клубот преку мејл побарал да престанат со ангажман на муслимани и црномурести фудбалери.

Исто така се наведува дека од оние кои биле во тимот барал да го прекинат постот. Галтие кој е сегашен тренер на Ал Духаил ги отфрли обвинувањата, меѓутоа фудбалерот Жан Клер Тодибо кој играше и за Барселона потврдил дека него му било барано да го прекине постот за Рамазан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот