Eкс-тренерот на ПСЖ седна на клупата на катарски Ал-Духаил

Фото: Al-Duhail SC

Катарскиот фудбалски клуб, Ал Духаил го именуваше Кристоф Галтие за нов тренер.

Три месеци откако го напушти ПСЖ, Галтие пронајде нов ангажман каде што повторно ќе соработува со Марко Верати кој летово од Париз се пресели тука.

Главната причина поради која во ПСЖ беше отпушен е неуспехот во Лигата на шампионите каде што минатата година беа елиминирани уште во осминафиналето.

На клупата на Ал Духаил, Галтие го наследи легендарниот Аргентинец, Ернан Креспо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот