Економската прогноза за светот – Тмурно, се заканува невреме!

Кварталното истражување на германскиот економски институт во кое учествуваа речиси 1.200 експерти укажа на влошување на перспективите поврзани за идниот период.

Економските перспективи се влошени во сите делови на светот во текот на летото поради ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина, покажаа денес објавените резултати од ова истражување.

Кварталното истражување на германскиот економски институт ИФО во кое учествуваа 1.200 експерти од повеќе од 110 земји во светот, укажа и на поголемо незадоволство на компаниите од актуелната деловна ситуација и на влошување на перспективите поврзани за идниот период.

Индексот на деловната доверба кој го мери ИФО опадна на минус 10,1 поени во третиот квартал од минус 2,4 поени.

За развиените економии и азиските земји во развој, експертите ги ревидираа надолу своите проценки за актуелната ситуација и идните очекувања, додека во државите од Латинска Америка, Заедницата на независни држави, Блискиот исток и Северна Африка понегативна е само проценката за актуелната ситуација, а проценките за наредните месеци главно останаа непроменети.

– Експертите очекуваат и значително послаб раст на светската трговија – изјави претседателот на ИФО, Клеменс Фуест, додавајќи дека трговските очекувања во моментот се на најниското ниво од појавата на тарифниот конфликт минатата година.

– Експертите исто така очекуваат и послаба приватна потрошувачка, пониски инвестициски активности и намалување на краткорочните и долгорочните каматни стапки, додаде Фуест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот