Екипите од Премиер лигата имаат решение доколку се прекине сезоната

Секој фудбалер кој ќе дојде од држава која е во црвената зона мора да помине 10 дена во карантин/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Премиерлигашите се подготвени да донесат решение со кое новата сезона ќе биде прекината доколку состојбата со пандемијата на коронавирусот се влоши.

Според пишувањето на „Гардијан“, работна група од Премиер лигата треба до 3. септември треба да достави предлог со екипите од најсилната англиска лига со уверување дека тие ќе го усвојат.

Според предлогот, во случај сезоната да биде прекината поради пандемијата на коронавирусот, а до тој момент да има одиграно 50 проценти од натпреварите, моментниот распоред би бил прогласен за конечен и на тој начин би биле одредени шампионот како и екипите кои ќе играат во европските купови.

Весникот пипува дека клубовите имаат намера да ја доиграат сезоната до крај, но постои страв од нов бран на пандемијата на коронавирусот кој се очекува за време на зимата.
Изминатата сезона во Премиер лигата беше прекината од средината на март до средината на јуни,а сезоната се доигра летово, а титулата ја освои Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот