ЕК ја одобри распределбата на транша од скоро една милијарда евра за Грција

фото: EPA/ORESTIS PANAGIOTOU

Европската комисија препорача проширена транша од близу една милијарда евра (1,1 милијарди долари) за Грција во рамките на спасителната програма, откако Атина ги реализираше потребните реформи побарани од страна на кредиторите, соопштува „Ројтерс“.

Одлуката, која треба да биде потпишана од министрите за финансии на земјите од еврозоната на нивниот состанок во петок, ќе ја зајакне веќе големите парични тампони на Грција и ќе го олесни земањето кредити од земјата при поповолни камати, кога се врати кон целосно пазарно финансирање по години на финансиска поддршка од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Грција излезе од својата последна програма за спасување во август.

Одлуката на Комисијата доаѓа откако минатата недела грчкиот парламент ја одобри реформата за да им олесни на банките да закрепнат долгот којшто стана лош. Се очекува овој потег да го намали товарот на нефункционалните кредити на билансите на грчките банки.

Траншата од близу една милијарда евра, која може да биде одобрена оваа недела, а ќе биде првиот од пакетот во вредност од 4,8 милијарди евра, кој кредиторите од еврозоната го ветија на Грција до 2022 година во рамките на постспасителната програма која бара од Атина да ги продолжи реформите.

Парите доаѓаат делумно од добивката на централната банка на еврозоната од грчките државни хартии од вредност, кои постепено ќе достигнат зрелост во наредните години.

Растот во Грција се врати во 2013 година, иако во почетокот беше неодржлива. Сепак, минатата година, земјата за прв пат по повеќе од една деценија добила нешто повеќе од 2%.

Оваа година, ММФ предвидува дека ќе се справи дури и малку подобро. Според шефот на мисијата на ММФ во Грција, Питер Долман, тоа е доволно за да се стави земјата „во горниот крај на листата по раст во еврозоната“.

Невработеноста се намалила значително, вклучително и меѓу младите, но останува висока – 18,5% кај возрасните како целина и речиси 40% меѓу младите луѓе.

ММФ објави во средината на март дека работата на реформите е нецелосна и економијата останува ранлива. Особено загрижувачки се банките, кои сѐ уште имаат високи нивоа на нефункционални кредити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот