ЕХФ одлучи: Женското ЕП ќе се игра само во Данска

Европската ракометна федерација потврди дека Европското првенство нема да се откаже туку ќе се одржи само во една земја, Данска.

На официјалната интернет страница беше објавено дека по неколкудневни интензивни преговори, данската Влада даде согласност женското Европско првенство да се одржи од 3. до 20 декември во два града, Хернинг и Колдинг.

Европското првенство требаше да се игра во две скандинавски земји, Данска и Норвешка, но норвешките власти се откажаа од организацијата поради пандемијата на коронавирусот.

Во Хернинг ќе се играат натпреварите од групата А (Франција, Данска, Црна Гора, Словенија) и групата Б (Русија, Шведска, Шпанија, Чешка), како и една од групите во втората фаза, но и самата завршница, полуфиналето и финалето.
Во Колдинг ќе се играат натпреварите од групата Ц (Холандија, Унгарија, Србија, Хрватска) и групата Д (Романија, Норвешка, Германија, Полска) како и една од групите во втората фаза.

Пласман во втората фаза од ЕП ќе обезбедат трите најдобри репрезентации од групната фаза, по што ќе се формираат две нови групи во кои репрезентациите ќе носат бодови од претходната рунда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот