ЕХФ: Милосављев со најдобрата одбрана во ЛШ (ВИДЕО)

Милосављев кој емотивно се збогуваше со Вардар, во изборот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја има најдобрата одбрана за натпреварувачката сезона 2019/20.

Одбраната на три минути пред крајот во големото финале на Фајнал фор турнирот во Келн против Веспрем е прогласена за најдобра.

Во ТОП-20 место имаше и за уште еден голман на Вардар, Калифа Гедбан, одбраната негова со глава, исто така во финалето против Веспрем, се најде на 5.место,

Двајцата вардарови голмани, со по уште една своја одбрана земаа место во овој избор на ЕХФ од ТОП-20 најдобри интервенции.

Уживајте во 20 најдобри одбрани во ЛШ за оваа сезона, во која врвот е српскиот чувар на мрежата, Дејан Милосављев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот