„Банда“ Милосављев емотивно се раздели со Вардар (ФОТО)

Фото: РК Вардар

Милосављев во деби сезоната во Скопје со Вардар успеа да ги освои трофеите во првенството и Супер купот, но она поважното е што се закити и со титулата шампион на Европа и со признанието најдобар голман.

Популарниот „Банда“ го напушта македонскиот шампион, а од наредната натпреварувачка сезона ќе ги брани боите на бундеслигашот Фуксе Берлин.

Во една емотивна порака на социјалните мрежи се простува од Вардар, верните фанови и Скопје.

– Една година во мојот живот во еден од најголемите клубови на светот. БЛАГОДАРАМ ВАРДАРЕ, во срце ќе те носам. Благодарам на совршената екипа која ми даде многу и бидам во ваков момент! Благодарност до луѓето кои кои направија да се чувствувам убаво и сум дел од вас. Шампиони на Македонија, Суперкуп на Македонија, СЕХА лига, ЕХФ Лига на шампиони. Сонував со отворени очи и ви ја посакувам сета среќа на овој светот – се зборовите на Милосављев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот