ЕХФ ги потсети ракометните фанови на победничкиот гол на Лазаров! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европската ракометна федерација објави три голови реализирани во последните секунди од натпреварите…

ЕХФ ги потсети фановите на победничкиот погодок на Кирил Лазаров на Европското првенство кое се одржа годинава во Австрија, Норвешка и Шведска.

Капитенот на македонската репрезентација во последните секунди на мечот во Виена стрелаше за победа против Украина (26:25).

Тоа беше единствениот наш триумф на континенталниот собир, во групата „Б“ загубивме од Австрија и Чешка.

40-годишниот Лазаров моментно ги брани боите на францускиот Нант со кој следната сезона ќе игра во групите на Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот