Едноставно и брзо: Ослободете се од мушичките во зачините

Прстофат црн или црвен пипер се става во речиси сите јадења што ги готвиме. Црниот бибер може да се најде мелен или во зрнца, а црвениот може да биде благ или лут.

Двата зачина најчесто ги чуваме во хартиени ќесички или во стаклени садови, но така можат да се развијат бубачки. Овие непријатни инсекти не само што ги прават зачините неупотребливи, туку се шират и во другите зачини.

Од нив можете да се спасите со чешне лук, ако го ставите нелупено во тегличката со црвен пипер. Можете истото да го направите и со тегла со грав, леќа или со ориз. Мирисот од лукот нема да дозволи ширење на бубачките во зачините.

Веројатно мислите дека лукот ќе ја пренесе својата арома на производите, но не грижете се, тој ќе помогне само да се ослободите од инсектите.

Друг начин на чување е ако измешате мала количина сол во црвениот пипер, тоа исто така ќе ги држи подалеку мушичките. Што се однесува до црниот пипер, овој зачин најдобро е да го купите во зрно, па по потреба да го мелете со машинка, непосредно пред употреба.

Така аромата ќе биде посилна, а освен тоа во ќесичките со мелен црн пипер најчесто се ставаат и разни примеси. Можете да го дадете во кое било солено јадење и тоа на крајот, за да не ја загуби
аромата и хранливите квалитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот