Фото: Принтскрин - Инстаграм

Една од најпознатите плажи во Грција ова лето ќе биде затворена за туристите

Плажата Навагио на островот Закинтос, летово ќе биде затворена за посетители, односно капачи и туристи, поради страв од дополнителни одрони. Одлуката за забрана на пристапот до плажата Навагио била препорачана од тим експерти од Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита (ОАСП), по посетата на локацијата на 8 март, како дел од редовната повторна проценка на нејзината безбедност.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Тимот на ОАСП соопшти дека постои значителен ризик од лизгање на земјиштето поради ерозијата на околните карпи.

„Безбедноста на жителите и посетителите е над сè и одлуката е донесена земајќи ги предвид новите научни податоци на ОАСП и неговиот претседател, професорот Ефтимиос Лекас, со оглед на големиот број посетители на овој простор за време на туристичката сезона“, вели министерот Василис Кикилијас.

Плажата Навагио на островот Закинтос е затворена за локалното население и посетителите од септември минатата година, откако земјотресот со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала предизвика големи камења од околните карпи да паднат во заливот.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Безбедноста на плажите ќе се преоценува двапати годишно.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Плажата Навагио, која ја посетуваат милиони туристи, го рангира островот Закинтос како можеби најфотографираната летна дестинација на планетата и стана симбол на островот. На почетокот се стравувало дека остатоците од овој брод претставуваат дамка на недопрената плажа, дотогаш тешко пристапна, но било одлучено да остане таму каде што е.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот