Една картичка за цела Европа: Нова стратегија на ЕУ за интегриран пазар на плаќања

Европската комисија оваа есен ќе претстави стратегија за интегриран пазар на плаќања во ЕУ за да го олесни користењето на националните услуги за плаќање ширум Европа и да ја намали зависноста од меѓународните оператори со картички.

Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) предвидува унифицирани кредитни трансфери и директни долгови кон граѓаните на ЕУ. Сепак, СЕПА за картички е сè уште далеку од реалноста, бидејќи националните картички и банките сè уште не можат да ги надминат бариерите за поврзување и интероперабилност и да постават заеднички стандарди.

Сепак, динамичните промени во областа на инстант плаќања, кои ги наметнаа новите технолошки компании, би можеле да обезбедат можност што поскоро да се создаде единствен простор за европски картички, соопшти ЕЦБ, што на крај ќе им користи на сопствениците на картички и трговците.

Наспроти ова, Комисијата се очекува во текот на есента да ја претстави стратегијата насочена кон создавањетп „иновативен, интегриран и конкурентен сектор за исплата на мало во Европа кој ќе се натпреварува со глобалните компании“, рече претставник на ЕУ.

Извршната власт на ЕУ, исто така, ќе претстави нова стратегија за дигитално финансирање, во согласност со програмата за работа на Комисијата. За да се отвори патот за законодавството, а наскоро ќе бидат започнати јавни консултации за плаќањата, соопшти комисијата.

Претставник на ЕУ објасни дека заради фрагментацијата на шемите за национални картички, дури и најсилните европски оператори нудат услуги кои работат само во одделни земји-членки. Како резултат на тоа, „тие мора да се здружат со големи неевропски меѓународни оператори за да понудат паневропски плаќања“, додаде тој.

Намерата да се намали зависноста од глобалните играчи е во согласност со новата генерална цел на ЕУ за зајакнување на европскиот суверенитет.

Европската централна банка веќе го постави патот. Нејзината „TARGET Instant Payment Scheme“ (TIPS) започна во ноември 2018 година, може да создаде „моментум“ потребен за кршење на националните граници, соопшти ЕЦБ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот