Единствениот воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје не сообраќа поради запалени прагови на пруга

Фото: mia.mk

Поради запалени прагови на пруга помеѓу Слепче и Браилово повторно не сообраќа единствениот воз на релацијата Битола-Прилеп-Велес-Скопје.

Како што објави Медиумската информативна агенција (МИА), причината е  запалено стрниште покрај пругата, кое се проширило и запалило и прагови на пругата. Поради прекин на железничкиот сообраќај, денеска патниците од Велес – работници, ученици и студенти кои патуваат за Скопје, наместо со битолскиот во 5:46 часот мораа да чекаат 40-тина минути и за Скопје заминаа со возот од Гевгелија кој во Велес дојде навреме во 6:27 часот.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи вчера попладне била запалена ниска вегетација по што се запалиле и прагови на пругата помеѓу селата Слепче и Браилово, прилепско. Со брза и ефикасна интервенција на пожарникарите од ТППЕ Прилеп пожарот бил изгаснат синоќа.

Ова е трет прекин на железничкиот сообраќај на пругата на релација кај селото Браилово поради изгорени прагови. Првиот прекин се случи на 25 септември,а возот не сообраќаше осум дена. Вториот пожар на стрниште, што беа зафатени околу 200 прагови на пругата кај Браилово Прилепско беше на 12 октомври.

Од 25 октомври со одлука на МЖ Транспорт наместо три, сообраќа само еден воз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје и обратно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот