Единствениот фудбалер на Мундијалот кој на копачките има руско знаме, а еве и зошто

фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Клубовите и националните репрезентации во многу спортови поради руската агресија врз Украина се исклучени од натпреварувањата.

Фудбалската репрезентација на Русија беше исфрлена од квалификациите за пласман на Светското првенство Катар 2022 кога требаше да настапи во баражот, по што Полска беше автоматски пласирана во финалето од плеј-офот. Потсетување дека руската селекција нема биде ни во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Руското знаме се појави кај еден од фудбалерите кои играат на Мундијалот, станува збор за репрезентативецот на Камерун, Гаел Ондуа.

Овој Камерунец има двојно државјанство, другото е од Руската Федерација, па истакнува дека на копачките го има истакнато знамето на таа земја бидејќи ѝ оддава почит на земјата во која пораснал.

Ондуа играше во првото коло против Швајцарија, а штом влезе како резерва, во 68 минута беше забележано дека има необичен детал на спортската опрема.

– Гледам дека луѓето почнаа да ги забележуваат моите копачки. За секој случај, би сакал да истакнам дека руското знаме на нив ја претставува мојата почит кон земјата во која пораснав, каде што се формирав како личност и научив да играм фудбал – напиша Ондуа на својот Телеграм канал.

Тој го додаде следново:

– Моите роднини живеат во Русија, и секогаш се со мене. Тоа е нашиот заеднички дом. Долги години играм во копачки со руско знаме и нема да ја прекршам таа традиција – објави Ондуа.

Ондуа има 27 години, роден е во Камерун, но од раното детство живее во Русија. Кариерата ја започна во младинскиот тим на Локомотив Москва, а настапуваше за ЦСКА, Зарија од Луганск, Анжи, Сервет и Веилет, а сега е член на Хановер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот