Фото: Принтскрин / Јутјуб

Еди Марфи ќе стане дедо: Најстарата ќерка на актерот е бремена, го очекува своето прво дете

Познатиот комичар Еди Марфи наскоро ќе стане дедо. Среќната вест ја откри неговата најстара ќерка Брија, која се појави на премиерата на неговиот нов документарец „Being Edi“ и во таа прилика го покажа своето трудничко стомаче во тесен фустан.

Кога се појави во тесен фустан со долги ракави, сè беше јасно. На премиерата ја придружуваа нејзините браќа и сестри, шест од девет. Инаку, ова ќе биде трето внуче за познатиот Еди.

Брија е во брак со актерот Мајкл Хавиер од 2022 година. Двојката ја организираше свадбата во Беверли Хилс пред околу 250 гости.

„Моето срце, мојот најдобар пријател, мое засекогаш. Те сакам секогаш. Едвај чекам да се омажам за тебе“, напиша Брија на социјалните мрежи кога се свршија.

Да потсетиме, Еди Марфи е татко на десет деца, најстарото има 36 години, а најмладото само шест. Во секое интервју, актерот ја користи можноста да зборува за нив и нагласува колку му е важно сите негови деца да бидат добри и пристојни луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот