ЕДЕН СОН: Елмас со специјални копачки против Полска и Австрија! (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски, меѓу нив и Елмас, веќе ги одработуваат тренинзите преку кои се темпира формата и се кројат тактичките замисли пред дуелите во Скопје против Полска (7 јуни) и Австрија (10 јуни).

Потсетување дека веќе се пуштени во продажба влезниците за овие два натпревари на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток од 20.45 часот.

Една од нашите најголеми фудбалски надежи Елиф Елмас, играчот на Фенербахче кој се почесто се поврзува со трансфер во една од Топ 5 европските лиги, исто така е мотивиран пред новите репрезентативни обврски.

View this post on Instagram

Thanks @swithadot One Dream ?⚽️?❤️

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24) on

На својот Инстаграм профил сподели со какви копачки ќе настапи на мечевите со Полјаците и Австријците.

Тој веќе има вкусено настап со У21 селекцијата на континенталните собири, но сега има нова голема желба, како што и стои натпис на неговите копачки, „ЕДЕН СОН“, напишано воедно и на турски јазик.

Сонот е секако и во сениорскиот дрес да настапи во овој случај на Европското првенство наредната 2020 година. Со своите игри, „Дијамантот“ го заслужува тоа, се разбира, како и сите останати околу него во националниот тим…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот