Еден повреден во голема сообраќајка во Автокоманда

На улицата „Лука Геров“ во скопска Автокоманда, вчера околу 8 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу „ауди А4“ управувано од И.К.(43) од Скопје, „мерцедес“ управуван од М.М.(34) од Скопје и возило „фиат линеа“ управувано од Ј.П.(44) од Скопје. Во сударот оштетено било и паркирано возило „цитроен“ сопственост на Ј.Т.(44) од село Битуше.

Во незгодата повреден бил возачот И.К. кој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот