Maнчестер јунајтед/Manchester United FB

Еден поранешен тренер на Манчестер јунајтед сам се понудил да го наследи Аморим

Рубен Аморим вчера доби отказ од клупата на Манчестер јунајтед, по што раководството на „црвените ѓаволи“ интензивно почна да бара негов наследник. Според првичните информации, ниту едно од звучните тренерски имиња во светот засега не покажува интерес за клупата на „Олд Трафорд“, но затоа едно еден човек сам се понудил.

Како што објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Оле Гунар Солскјер е заинтересиран повторно да седне на клупата на Манчестер јунајтед и веќе им ги понудил своите услуги на челниците на клубот. Според Романо, за Норвежанецот не е пресудно дали би добил договор само до крајот на сезоната или на подолг рок, единствената желба му е да се врати на „Олд Трафорд“.

Да потсетиме, Солскјер како фудбалер на Манчестер јунајтед беше дел од златната генерација која освои шест шампионски титули во Англија, а засекогаш ќе остане запаметен по голот во легендарното финале на Лигата на шампионите во 1999 година. Како тренер го водеше Јунајтед од декември 2018 до ноември 2021 година, период во кој стигна и до финалето на Лига Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот