Еден од платените убијци кои пукаа во црногорскиот мафијаш во Киев имал македонски пасош (ВИДЕО)

Еден од напаѓачите на Звицер имал фалсификуван македонски пасош

Во мафијашката пресметка на црногорското подземје во Киев, Украина, тешко е повреден Радоје Звицер, припадник на познатиот кавачки клан кој е број еден на Балканот.

Украинската полиција објави видео од апсењето на напаѓачите и ги соопшти нивните имиња.

Меѓу четворицата осомничени за обид за убиство на Радоје Звицер српски државјани се Петар Јовановиќ и Милан Бранковиќ, двајцата од Ниш.

Токму двајцата српски државјани од Ниш пукале во Звицер, а меѓу уапсените се и двајца Црногорци: Стефан (Мандиќ) Ѓукиќ (30) од Бар и Емил Тузовиќ од Подгорица.

Ѓукиќ и Тузовиќ наводно му припаѓаат на барскиот клан со кој раководи Алан Кожар, пишува црногорски „Вијести“, додавајќи дека тие се тесно поврзани со шкаљарскиот клан.

Ѓукиќ кај себе наводно имал фалсификуван пасош на Северна Македонија.

На Звицер вчера двајца мажи пукале во елитниот дел на Киев додека џогирал. Испукале седум куршуми, од кои пет го погодиле во градите и стомакот, поради што итно е опериран и неговата состојба и натаму е тешка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот