Фото: EPA/ANDREJ CUKIC

Еден од најдобрите млади кошаркари во Европа заминува од Партизан, ќе игра во САД

Финскиот кошаркарски бисер Мика Муринен, еден од најголемите европски таленти во својата генерација, објави дека по оваа сезона ќе си замине од белградски Партизан и кариерата ќе ја продолжи во американската колеџ-лига, престижното НЦАА првенство.

Ваквата одлука доаѓа во период кога интересот за него и тоа како порасна, особено по настапите на Евробаскет со финската репрезентација. Американските скаути веќе одамна го следат, а неколку универзитети официјално покажале желба да го доведат во своите програми.

Иако многумина очекуваа Муринен рано да замине во САД, тој прво се одлучи за поразличен пат и потпиша за Партизан. Одлука што делуваше невообичаено за играч на негови години, но ја покажа неговата зрелост и самодоверба.

Муринен вели дека е презадоволен од искуството во Евролигата, каде редовно добива минутажа и игра против најквалитетните кошаркари во Европа. Сепак преминувањето од младинска конкуренција директно во елитно европско натпреварување, додава тој, бил огромен, но неопходен предизвик за неговиот развој.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот