ЕЦДЦ предупредува: Делта варијантата ќе доминира во Европа ова лето

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ цела Европа во текот на летото, предупреди во средата Европската здравствена агенција.

Делта варијантата (Б.1.617.2) е 40-60 проценти позаразна од алфа (Б.1.1.7) варијанта на вирусот, откриена за прв пат во Англија, објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) .

„Многу е веројатно дека варијантата делта ќе се прошири во текот на летото, особено кај помладата популација која не е вакцинирана“, рече директорот на ECDC Андреа Амон.

„Ова може да претставува ризик за ранливите лица кои би можеле да се заразат и да доживеат тешка болест и смрт доколку не бидат целосно вакцинирани“, додаде таа во изјавата.

Научниците од Оксфорд ја анализирале фреквенцијата на реинфекција со оваа варијанта кај луѓето кои го надминале ковид-19, а резултатите беа објавени минатата недела.

Инциденцата беше особено висока кај лица заразени со бета и гама варијанти, што се случија во Јужна Африка..

Но, истражувањето на Оксфорд исто така покажа дека вакцините Pfizer и AstraZeneca се ефикасни против делтата варијанта и обезбедуваат висока 90-процентна заштита од хоспитализација, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот