Е. Пелистер се засили и со Тунижанецот Суси

Мохамед Суси/фото: РК Еурофарм Пелистер

Македонскиот вицешампион РК Еурофарм Пелистер се засили со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси кој потпиша едногодишен договор, со опција да се продолжи на уште една.

Трансферот е официјализиран откако ракометарот денеска пристигна во Македонија и ги мина задолжителните медицински прегледи.

Долгогодишниот репрезентативец на Тунис доаѓа во Битола од Франција. Минатата сезона го носеше дресот на Трембле, а претходно три сезони играше во Лигата на шампионите за Монпелје. додека во Тунис настапуваше за Бени Киар и Клуб Африкан.

Со Монпелје стана европски првак во 2018 година, а следната сезона со истата екипа го освои и Суперкупот на Франција.

Суси има преку сто настапи за туниската репрезентација, настапи на три Светски првенства и еден олимписки ракометен турнир. Со својата селекција го освои првенството на Африка во Габон во 2018 година, а две години подоцна беше сребрен на домашен терен. Со Тунис има и сребро на Медитеранските игри во Тарагона во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот