Е. Пелистер не се предава превреме: На победа против Мешков

Е. Пелистер на првиот натпревар загуби со четири гола/ фото: Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер викендов ги очекува реванш натпреварот од четвртфиналето во СЕХА Лигата против Мешков Брест. Првиот натпревар во Битола заврши со триумф на Мешков од 27:31, но поразот не ги обесхрабрува битолчани.

– Загубивме, но не со голема разлика за да се откажеме. Напорно работевме неделава, нема што да загубиме, треба да се бориме и да се надигруваме. Можеме да стигнеме до позитивен резултат. Мешков Брест е квалитетен тим. Сепак се четвртфиналисти на Лигата на шампионите. Имаат играчи од калибарот на Скубе, Кашпарек, Ваилипау. Имаат квалитетни индивидуалци, но не значи дека ние немаме доста квалитетни играчи и најважно ќе биде кој повеќе ќе сака да победи – вели голманот на Е. Пелистер, Марко Кизиќ.

Ракометарите се свесни дека не ја прикажаа посакуваната игра во првиот натпревар и се надеваат дека „ќе се извадат“ на реваншот.
– На натпреварот во Битола не ја покажавме правата слика, игравме под нашите можности и сигурно можеме подобро. Зе надевам дека во Белорусија ќе покажеме подобро лице. Не се откажуваме, четири разлика не се многу, во спортот сè е можно. Одиме на победа во Брест. Сигурно дека двете екипи добро се подготвија за првиот натпревар, но тоа не беше наш ден. Сите ние како екипа потфрливме, но одиме во Белорусија да се покажеме во подобро издание. Со секој тренинг, со секој натпревар се подготвуваме за тоа што ни следи. Сите добро знаеме што е пред нас. Со секој тренинг напредуваме и може да биде само подобро – вели Јосип Божиќ Павлетиќ.
Реванш натпреварот ќе се игра во недела со почеток од 16 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот