Е. Пелистер ја продолжи соработката со Граџан

Екипата на Еурофарм Пелистер веднаш по завршување на сезоната ја продолжи соработката со Елмир Граџан кој потпиша нов едногодишен договор со битолскиот тим.

– Влегувам во петтата година во Битола. Задоволен сум од градот, луѓето многу добро ме прифатија, како и во клубот. Очекувам и следната сезона да бидеме успешни, да бидеме поуспешни и да донесеме некои титули во Битола. Ова беше чудна сезона за сите нас. Игравме пред празни трибини против големи екипи како ГОГ Гудме, Вардар и многу други и моравме да се бориме без нашиот дополнителен играч, „Чкембарите“. Се надевам дека следната сезона и во тој правец ќе биде подобро и навивачите ќе ни помогнат за остварување на нашите планови – изјави Граџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот