Дејв Кулие / Фото: Profimedia

Ѕвездата од „Полна куќа“ откри дека боледува од рак на јазикот, откако неодамна се опорави од лимфом

Ѕвездата од популарната серија „Полна куќа“, Дејв Кулие откри дека му е дијагностициран рак на јазикот.

Поранешниот актер ја сподели најновата дијагноза во емисијата „Тудеј“, велејќи дека дијагнозата била „шок за системот“. Патем, во април оваа година, тој објави дека го победил лимфомот.

– Тоа е целосно неповрзано со мојот не-Хочкинов лимфом. Ова е нов рак. Реков: „Се шегуваш?“ – открил 66-годишниот актер.

Тој истакна дека лекарите рекле дека тоа може да се должи на присуството на вирусот ХПВ пред 30 години, кој можеби се активирал и се претворил во рак.

Кулие ја нарече својата состојба „многу лечива“ со стапка на излекување од 90 проценти. Третманот, досега, е сосема различен од хемотерапијата што ја претрпел минатата година.

– Докторот рече дека прогнозата е добра, но веднаш ќе започнеме со зрачење. Не се чувствува толку агресивно, но сепак има несакани ефекти – додал Кулие.

Ве потсетуваме дека тој ја сподели својата дијагноза за лимфом во трет стадиум во емисијата „Тудеј“ во ноември минатата година, а во април оваа година откри дека исчезнал.

Ѕвездата од серијата „Полна куќа“ има рак во трет стадиум: „Прифаќам ако ова е крај на мојот живот…“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот