Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“, Џеси Вилијамс, ќе стане татко по третпат
Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“, Џеси Вилијамс очекува трето дете, прво со својата 11 години помлада партнерка партнерка Алехандра Ониева, пренесува „Пипл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Шпанската актерка неодамна ја потврди бременоста преку неколку фотографии објавени на Инстаграм, на кои се гледа нејзиниот труднички стомак.
View this post on Instagram
Парот неодамна бил фотографиран и заедно во Лос Анџелес. Ониева носела сини панталони и јакна во иста боја, во комбинација со краток топ што го истакнувал трудничкиот стомак, додека Вилијамс бил во лежерна комбинација со сив дуксер.
Инаку, Вилијамс веќе има две деца – ќерката Сејди (11) и синот Мејс (10), кои ги има со поранешната сопруга Арин Дрејк-Ли.
Во септември, актерот за списанието „Пипл“ зборуваше за снимањето на серијата „Хотел Костиера“, каде што ја запознал Ониева. Тогаш призна дека тешко го усогласувал снимањето во Италија со времето за своите деца.
„Се будев во три наутро за да им се јавам на децата бидејќи бев девет часа пред нив. Спиењето навистина трпеше“, изјавил актерот.
Вилијамс и Дрејк-Ли поднесоа барање за развод во 2017 година, а подоцна водеа и долга судска битка околу старателството над децата. Во 2018 година постигнаа договор за заедничко законско старателство.


