Ѕвездата на „Game of Thrones“ на суд поради обвинувања за експлицитни разговори со малолетничка

Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Џозеф Гет (51) ѕвездата на „Game of Thrones“ во понеделникот заврши на суд во Лос Анџелес, откако беше обвинет дека имал сексуално експлицитни разговори со малолетничка преку социјалните мрежи, пишува „Дејли мејл“.

Актерот е виден како пристига во судницата со својата долгогодишна девојка, актерката и писателка Мерси Малик.

Џозеф, кој глумеше во хитот на Ејџ-би-о, засега останува на слобода, откако беше уапсен по налог за кривично дело за сексуален контакт со малолетничка, во Лос Анџелес во април 2022 година.

Судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, Енрике Монгуја, рече дека сослушувањето ќе продолжи по 4 декември, откако обвинителот Мајкл Ферн рече дека „се потребни дополнителни истражувања“ за да се придвижи случајот.

Поминаа 18 месеци откако актерот беше уапсен во Лос Анџелес и неговиот дом беше претресен од полицајци од Одделот за малолетници и Одделот за интернет криминал против деца. Покрај тоа што е обвинет за сексуално злоставување на малолетник, тој се соочува и со обвинение за поседување оружје за напад.

Тој се изјасни дека не е виновен по двете обвиненија, и иако доби кауција од 5.000 долари, нему му е забрането да се дружи со малолетници без надзор, да поседува порнографија и да користи социјални мрежи, освен за деловни цели. Една недела по апсењето, тој ги отфрли обвинувањата на Твитер.

„Сакам да зборувам за апсолутно застрашувачките и целосно невистинити обвинувања кои неодамна ми беа упатени. Тие се 100 отсто погрешни и непромислени. Ги потврдив грешките и дезинформациите во денешното соопштение. Целосно соработувам со полицијата за да се открие ова. Со нетрпение очекувам да го исчистам моето име. Благодарност до сите мои пријатели и обожаватели, знам дека ова е невистинито и од правни причини повеќе не можам да коментирам на социјалните мрежи“, објави тој.

Неговата девојка Мерси Малик, која го придружуваше на суд, исто така се огласи на социјалните мрежи за да ги осуди обвинувањата, нарекувајќи ги „луди“.

Инаку, Џизеф е најпознат по улогата на Тан Варг во популарната серија на „Game of Thrones“. Ликот што тој го играше беше член на Тена, племе на слободните луѓе познати по нивните ритуали и канибализам.

Тој се појави во неколку епизоди од четвртата сезона во 2014 година, по што неговиот лик беше убиен во битката за замокот Блек.

Покрај тоа, тој глумеше во неколку блокбастер филмови, вклучувајќи го римејкот на Дизни на „Dumbo“, „Star Trek Into Darkness“ и „Thor“. Актерот боледува од алопеција, поради што на 14-годишна возраст ја изгубил целата коса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот