Ѕвездата на „Американска пита“ призна: Спиев со 200 мажи благодарение на филмот

Џенифер Кулиџ во филмот „Американска пита“/Фото: Профимедиа

Џенифер Кулиџ (60), ѕвездата на филмовите „American Pie“, „Legally Blonde“ и најновата хит серија на HBO „White Lotus“, призна дека имала многу интимни врски по филмската сензација во 1999 година.

„Американска пита“ ѝ донесе голема популарност на актерката и комичарка Џенифер Кулиџ. Таа изјавила дека благодарение на култната улога – мајката на Стифлер, спиела со 200 мажи.

Фото: Профимедиа

Миленичката на публиката и на ЛГБТ заедницата, рекла дека по филмскиот хит во 1999 година, најмногу  ѝ нуделе улоги на секси мајки.

„Имав многу придобивки поради тој филм. Како да кажам, да не беше тој филм немаше да спијам со 200 луѓе. Можеби го добив целото тоа внимание само затоа што луѓето сè уште ме гледаа како мајка на Стифлер или поради мојата улога во „Legally Blonde“. Пред тоа постоеја луѓе до кои не можев да дојдам, а потоа тие ме викаа да бидам дел од нивниот проект“, изјави Кулиџ за „Вариети“.

Имено, за етикетата „MILF“ е одговорен делот од приказната во филмот „American Pie“ во кој Џенифер Кулиџ го заведува другарот на својот син, а потоа има интимни односи со него.

Фото: Профимедиа

Џенифер Кулиџ рекла дека пред снимањето на серијата „Белиот лотос“ била многу незадоволна од својот изглед бидејќи се здебелила за време на карантинот.

– Не ми се допадна како изгледам, иако Мајк Вајт (режисерот на серијата) ја напиша улогата специјално за мене. Не знаевме дека ќе биде хит. За малку ќе ја пропуштив можноста само затоа што бев убедена дека не изгледам како што треба –  рекла Кулиџ.

Поради големиот успех на серијата, актерката ќе се појави и во втората сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот