Џорџ Клуни го откри советот што му го дал Пол Њуман и му го променил животот: „Веднаш сѐ доби смисла“
Холивудскиот актер Џорџ Клуни неодамна откри кој совет му го променил животот.
Препорачано
Во неодамнешно интервју за „Њујорк тајмс“, 64-годишниот актер разговараше со Адам Сендлер, неговиот колега од „Џеј Кели“, и откри дека актерот Пол Њуман еднаш му дал совет како да се справи со животот пред јавноста кон крајот на 90-тите, пренесува „Пипл“.
„Не сум толку добар во излегувањето како тебе. Имам тенденција да си велам: „Ако излезам, тоа ќе биде дополнителен час разговор со луѓе“. Всушност, Пол Њуман ми кажа за тоа. Кога првпат го запознав, тој беше во „Ворнер Брос“ на снимањето на „Порака во шише“, а јас бев во „Итна помош“. Њуман седеше надвор и пушеше цигара, па седнав со мојата количка за голф и реков: „Еј, само сакав да ве поздравам“, му рече Клуни на Адам Сендлер.
Иако Клуни рекол дека Њуман „немал поим кој е тој“, тој на крајот сфатил дека и тој е актер.
„Секој што ќе ме сретнеше во количката за голф ми велеше: „Еј, Џорџ“. Па малку по малку сфати дека некако сум успешен во индустријата“, рече тој.
Подоцна, кога се спријателиле, Њуман му рекол да не останува дома, односно да не се изолира од јавноста.
„’Џорџ, не дозволувај да те држат дома.’ Мислеше конкретно на мојата тенденција да се изолирам бидејќи се обидував да одржам малку приватност. Мојата тенденција во тој момент беше да останам дома и кога го слушнав Њуман како го кажува тоа, веднаш ми стана јасно“, откри Клуни.
Дури и пред тоа, Клуни со години ја следел и ја восхитувал кариерата на Њуман, признавајќи во 2008 година дека, иако никогаш не работеле заедно на проекти, тој се угледувал на добитникот на Оскар и често се обидувал да го имитира.


